[ВИДЕО] Инфлуенсерката Наталија отишла во Париз, а завршила во солзи: Ги изгубила сите пари поради позната улична игра

Точка

14/08/2025

18:59

619

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Наталија Дајк објави видео во кое го откри своето горчливо искуство во текот на престојот во Париз. Низ солзи, таа раскажа дека „ги изгубила сите пари покрај Ајфеловата кула“, во наизглед безопасна улична игра.

„Се наоѓаме во Париз и плачам затоа што штотуку бевме измамени. Сите велат дека треба да внимавате на измамите, но ретко кој навистина верува дека токму ова ќе им се случи. На крајот, наседнавме“, ја започнала Наталија својата приказна.

Каде е лимонот?

Наталија тврди дека шетала и „налетала на еден Италијанец“ кој имал лимон и три чаши. Околу него имало повеќе луѓе кои се обидувале да погодат под која чаша се наоѓа овошјето.

„На почетокот седевме и гледавме, а потоа тој нè покани да играме „само за забава“. Одиграв еднаш, па вторпат, бидејќи делуваше лесно – го следиш лимонот, гледаш лево-десно и погодуваш во која чаша е“, раскажала таа.

Девојката вели дека на почетокот „не сакала да игра за пари“, но била привлечена од можноста да ја врати сумата што претходно ја изгубила поради плаќање казна во Париз.

„Така почнавме да играме. Прво погодував и заработував, но третиот пат лимонот не беше таму каде што требаше да биде. Сигурна сум дека го тргна со раката. Тогаш изгубив сè! Потоа седнав и почнав да плачам, лута што вчера изгубивме пари поради казна, а денес повторно останавме без пари. Бев шокирана бидејќи бев убедена дека играта е лесна. Но, ете, нè измамија“, се пожалила.


„Никој не те терал...“

Многу гледачи коментирале дека таа наседнала на една од „најстарите измами за извлекување пари од туристите“ и дека мора да ја сноси одговорноста затоа што самата се согласила на тоа.

„Не си измамена. Никој не те тераше да играш, ти самата се согласи“, напишала едне следбеничка, а друга се надоврзала: „Дали првпат си излегла од дома“.


Еден тиктокер детално објаснил како функционира уличната игра, позната под многу имиња.

„Ве молам, не наседнувајте на тоа, затоа што иако мислите дека ќе победите, гарантирам дека секој пат ќе ги изгубите парите“, предупредил тој.