Уште гори кај Јасен – регистрирани седум пожари низ државата

Макфакс

13/08/2025

15:33

205

Големина на фонт

а а а

До 12 часот денеска во земјата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати.

Активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, на Октишка краста во општина Струга и во атарот на селото Могила во истоимената општина, соопшти ЦУК.

Под контрола е пожарот меѓу селата Радуша и Дворце во општина Сарај, додека изгаснати се пожарите кај селото Челопеци во општина Кичево, кај селото Крапа во општина Македонски Брод и во атарот на селото Нерав, местото викано „Биљино“, во општина Крива Паланка.