Преодниот рок и активностите на клубовите во него имаат директно влијание врз очекувањата на фановите од резултатите на нивните омилени клубови во новата сезона.
Угледниот портал „Атлетик“ направи интересно истражување меѓу премиерлигашките фанови, обидувајќи се да го дознае нивото на оптимизам за остварување на најавените клупски амбиции во новата сезона.
За разлика од претходната сезона, фановите на Челси се претвориле во најголеми оптимисти, очигледно поради успехот на Светското клупско првенство и активностите во преодниот рок.
Од друга страна, јасно е дека најразочарани се фановите на Њукасл, кои се очајни поради желбата на Исак да замине и фактот што клубот заостанува зад ривалите во однос на трансферите.
Очекувано, оптимизам владее и во таборот на фановите на Ливерпул кои имаат право на такво нешто, а при врвот е и фан базата на Манчестер Јунајтед, која очигледно очекува сериозно поместување на формата и резултатите.