[ВИДЕО] Два кинески брода се судрија при потера по филипински брод

Макфакс

11/08/2025

16:42

991

Големина на фонт

а а а

Кинески воен брод се судри со брод на кинеската крајбрежна стража додека гонеше филипински патролен брод во Јужното Кинеско Море денес, соопшти Манила, објавувајќи драматични снимки од инцидентот.

„Инцидентот се случил во близина на спорниот Скарборо Шол додека филипинската крајбрежна стража ги придружувала бродовите што дистрибуирале помош на рибарите во областа“, изјави портпаролот на филипинската крајбрежна стража, комодорот Џеј Тариела.

Видеото објавено од Манила го прикажува бродот на кинеската крајбрежна стража и многу поголем брод со број 164 на трупот како се судираат со силен тресок.

„Бродот на кинеската крајбрежна стража CCG 3104, кој го гонеше бродот на филипинската крајбрежна стража BRP Suluan со голема брзина, направи ризичен маневар кон десната страна на филипинскиот брод, што резултираше со судир со воениот брод на кинеската морнарица“, рече Тариела.

„Ова резултираше со значително оштетување на предниот дел на CCG, што го направи неспособен за пловидба“, додаде тој.