Тудор: Не велам дека ќе го освоиме Скудетото, ама нема…

Дерби

11/08/2025

14:31

367

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор ќе го води Јувентус и во новата сезона, клуб кој го презема минатата кампања и беше неизвесно дали ќе остане и покрај тоа што ја оствари главната цел, топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите.

Јувентус со години беше недопирлив во Италија, освојуваше пехари во низа, но сега тоа се менува и „старата дама“ не е топ фаворит за Скудетото.

Тудор добро го знае квалитетот на својот тим, меѓутоа даде изјава која јасно говори за менталитетот и тоа што сака да им го наметне, пренесе на играчите.

- Не почнувам со цел да завршам четврти. Ги гледам предвидувањата дека ќе бидеме трети, четврти или петти на табелата. Ова е нешто што лично ме мотивира. Треба да ја допре нашата гордост и да нè инспирира да бидеме уште посилни. Јувентус не заврши прв или втор во последните пет сезони и затоа слушаме вакви коментари. Сакаме да бидеме конкурентни и сè да сфатиме како голема мотивација бидејќи, на крајот на краиштата, перформансите на теренот и резултатите се она што е важно. Останатото се само илузии.

- Како што им кажувам на момците, кога одам на теренот или на рингот, или кога играм кошарка, фудбал или карти со пријатели, сакам да победам и сакам да видам ист пристап кај сите. Нема потреба од барања, но мора да пристапиме кон секој натпревар со правилен став. Имам најголема можна самодоверба и сум убеден дека ќе бидеме одличен, искрен, организиран, жилав и тешко победлив тим. Не сум тука да кажам дека ќе го освоиме Скудетото, па затоа нема да давам такви изјави. Но, можам да ви гарантирам едно: нема да се стремиме кон четврто место, па дури ни кон трето место. Ќе видиме што ќе се случи на теренот. Очекувам да биде многу тешка година, бидејќи има голем број силни тренери во првенството. Не е секогаш така, но оваа сезона ќе биде таква.

- Оваа сезона тимот ќе биде подобро подготвен бидејќи имаме една година работа зад нас. Ова е нешто што не треба да се потценува. Сега имаме јасен идентитет и правилен менталитет. Ќе бидам среќен во секој случај бидејќи сум среќен што го водам Јувентус. Сега сме во овој состав и ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок. Неприфатливо е да се играат натпревари додека траат преговорите. Тие ги излудуваат сите. Сепак, ние сме во одлична синхронизација со клубот на трансфер пазарот, слушаме едни од други секој ден за да разбереме што можеме да направиме, а што не, - порача Тудор за „Газета Дело Спорт“.