Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е 20-ина минути, на ГП Дојран времето на чекање е 15-ина минути, на ГП Табановце времето на чекање е 30-ина минути.
На другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.