Барселона го доби она што го сакаше од Марк-Андре тер Штеген и веднаш објави дека Германецот ќе остане капитен.
Ханси Флик му стави до знаење на Тер Штеген дека не е во плановите за претстојната сезона, Тер Штеген одлучи да оди на операција на грбот. Беше објавено дека нема да може да игра три месеци, а клубот тврди дека паузата ќе трае најмалку четири.
Затоа во Барселона сакаа да се повикаат на посебно правило и на тој начин да го регистририраат Џоан Гарсија. Германецот не сакаше да ја потпише документацијата што ќе му дозволи на клубот да го стори тоа, и оттука започнаа сите проблеми.
Откако во петокот се огласи Тер Штеген, кој само сакаше да ја изнесе својата страна од приказната и да му даде до знаење на клубот дека е подготвен да разговара за решавање на проблемот, пред полноќ Барселона потврди дека го добила она што го сакала.
Тер Штеген ги потпишал медицинските документи, што ќе ѝ овозможи на Барселона да го регистрира новиот голман Џоан Гарсија и со тоа дисциплинската постапка заврши. И капитенската лента му беше вратена на Германецот.
„Клубот ја информира јавноста дека Марк Андре тер Штеген го потпиша овластувањето потребно за клубот да ја испрати медицинската документација до Ла Лига во врска со неговата операција.
Дисциплинската е затворена, а на играчот му е вратен статусот, капитен на тимот. Одлуката стапува на сила веднаш“, се вели во краткото соопштение на Каталонците.