[ВИДЕО] Брендан Фрејзер во првата главна улога по освојувањето на Оскар: Фановите не го кријат своето воодушевување

Точка

08/08/2025

11:05

1.123

Големина на фонт

а а а

Брендан Фрејзер се враќа на големото платно во првата главна улога откако во 2022 година освои Оскар за филмот „Кит“ (The Whale).

Станува збор за филмот „Rental Family“, за кој излезе првиот трејлер.

Сценариото на филмот се одвива во Токио и го следи американски актер кој се бори да најде смисла додека не добие необична работа во јапонска агенција за „изнајмување семејства“.

Неговата задача е, според потреба, да игра различни улоги во животот на клиентите — татко, партнер, член на семејството — за да им помогне да го надоместат она што им недостасува.


„Брендан оди по нов Оскар“, „Ренесансата на Брендан Фрејзер е во тек и ми се допаѓа. Тој го заслужува тоа“, „Ми недостигаше. Драго ми е што работите му одат на подобро“, „Ова звучи многу интересно“, „Ги сакам филмовите во кои глуми. Секогаш им се посветува на своите улоги“, се само некои од коментарите на задоволните фанови на социјалните мрежи во врска со новиот филм на Фрејзер.

„Rental Family“ ќе има светска премиера на Торонто Интернационалниот филмски фестивал годинава.