Сочен и кремаст десерт кој нè враќа во детството: Стар рецепт за ледени коцки кои се топат во уста

Точка

07/08/2025

21:19

951

Големина на фонт

а а а

Комбинацијата од кремаст фил и чоколадна глазура, како и сочен пандишпан е она што ги прави ледените коцките омилен десерт на многумина.

Тие се идеален десерт за сите годишни времиња и му успеваат на речиси секој.

Процесот на подготовка на ледените коцки не е комплициран, но бара трпение.

Состојки:

За пандишпан:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

2 лажици какао

4 лажици масло

1 лажичка прашок за печиво

За сируп за пандишпан:

300 мл вода

12 лажици шеќер


Фил:

1 л млеко

20 лажици шеќер

18 лажици брашно

250 г маргарин

5 ванилин шеќер или арома на ванила

Глазура:

100 г чоколадо за готвење

3 лажици масло


Подготовка:

Матете ги јајцата и шеќерот додека да добиете пенеста смеса, потоа додадете го маслото, какаото, брашното и прашокот за печиво.

Кога ќе добиете хомогена маса, истурете ја во плех за печење и печете во рерна на 180 степени околу половина час.

Потоа, оставете го пандишпанот да се излади, па направете го сирупот со варење 300 мл вода и шеќер, а потоа прелијте го пандишпанот.


Што се однесува до филот, сварете брашно и шеќер во еден литар млеко, а потоа додадете маргарин во изладената смеса.

Врз пандишпанот натопен со сируп сипете го филот, а потоа направете ја глазурата така што ќе го загреете маслото и чоколадото во тава и ќе оставите чоколадото да се растопи.

Сипете ја глазурата врз филот, а потоа ставете го колачот во фрижидер за да се излади.