Пресвртница во планот за слетување на Месечината: Овој пат тие ќе стигнат први?

Точка

07/08/2025

21:02

627

Големина на фонт

а а а

Кина го спроведе првиот тест на вселенското летало наменето за слетување на астронаути на Месечината, соопшти агенцијата „China Manned Space“ („CMS“), нагласувајќи дека станува збор за клучна пресвртница во планот првите кинески астронаути да слетаат на Месечината пред 2030 година.

Тестот е изведен во провинцијата Хебеј на специјално подготвен терен кој ја имитира површината на Месечината, прекриена со камења и кратери, со рефлективен слој сличен на месечевата површина, пренесе „Reuters“.

За време на верификацијата, тестирани се системите за слетување и полетување на лендерот под различни оперативни услови.


Лунарниот лендер, наречен „Ланјуе“, што на мандарински значи „Прегратка на Месечината“, е предвиден за транспорт на астронаути меѓу лунарната орбита и површината на Месечината.

Исто така, тој ќе служи како животен простор, извор на енергија и центар за собирање податоци за време на престојот на Месечината.

Кина во изминатите пет години веќе успешно спроведе повеќе мисии без човечки екипаж, вклучително собирање примероци од поблиската и подалечната страна на Месечината.


Доколку успешно реализира слетување со екипаж, Кина планира до 2035 година да развие „основен модел“ на Меѓународната лунарна истражувачка станица, во соработка со Русија.

Планираната база би вклучувала и нуклеарен реактор како извор на енергија.