Промоцијата на Хеунг-мин Сон го официјализираше големото засилување за Лос Анџелес и пристигнувањето на уште едно атрактивно фудбалско име во МЛС.
Кореецот се раздели со Тотенхем по една деценија соработка, а во своето прво обраќање пред медиумите, признал дека тимот од Калифорнија не бил негов прв избор.
– Клубот работеше навистина напорно за да успее да го добие мојот потпис.
– Ако треба да бидам искрен, Лос Анџелес не беше мој прв избор, но генералниот менаџер беше прв кој ме контактираше по крајот на сезоната и ме премисли. Тој е виновен што го променив ставот, – открил Сон.
Корејскиот репрезентативец повторно ќе настапува со Иго Лорис, а Лос Анџелес за него го собори трансфер рекордот на МЛС.