Француските пожарникари втор ден по ред се борат со најголемиот шумски пожар во последните речиси осум децении, кој проголта 16.000 хектари шума, загина едно лице, а неколку други се водат како исчезнати.
„Пожарот досега не е ставен под контрола“, изјави за BFM TV, Кристоф Мањи, еден од водачите на операцијата за гаснење пожари во јужниот француски регион Од.
A massive forest fire in Aude, southern France 🇫🇷 (06.08.2025)
— Disaster News (@Top_Disaster) August 6, 2025
Over 16,000 hectares have burned, and 25 houses and 40 cars have been destroyed. pic.twitter.com/4lBrldVWAd
Пожарот во близина на границата со Шпанија започна претходно оваа недела и веќе опустоши област поголема од Париз. Властите предупредуваат дека тоа е најголемиот шумски пожар од 1949 година.
Шпанија се бори и со разорни пожари, особено на самиот југ од земјата каде што пожарот се приближи до туристичкото одморалиште Тарифа. Таму се евакуирани неколку хотели и станбени згради, како и пет илјади возила. Локалните медиуми велат дека се евакуирани и 1.500 луѓе.
Научниците предупредуваат дека потоплите и посуви лета создаваат поголем ризик од шумски пожари во медитеранскиот регион. Според Европската комисија, 353.000 хектари изгореле во 1.478 пожари во Европа од почетокот на годината.
Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ денес соопшти дека минатиот месец бил третиот најтопол јули на Земјата откако започнале да се водат евиденции, вклучувајќи рекордно висока температура од 50,5 степени целзиусови во Турција.