[ВИДЕО] Трамп излезе на кровот на Белата куќа и се довикуваше со новинарите

Макфакс

06/08/2025

21:06

367

Големина на фонт

а а а

Вчерашниот ден на американскиот претседател Доналд Трамп започна прилично типично, со телевизиско интервју и разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓутоа, Трамп потоа направи нешто неочекувано. Се појави на кровот од западното крило на Белата куќа.

Трамп излезе преку врата поврзана со трпезаријата и застана на кровот над просторијата за новинари. Помина речиси 20 минути набљудувајќи го кровот и околината под него, вклучувајќи ги и ново поставените плочи.

Новинарите му довикуваа од долу. Еден од нив го праша: „Господине, зошто сте на кровот?“

„Малку шетам. Добро е за здравјето“, одговори Трамп.

Во друштво на Трамп беше и Џејмс Меккри, архитект на новопланираниот проект за танцовата сала вредна 200 милиони долари. Тие се движеа бавно, а Трамп често гестикулираше и покажуваше кон кровот и околината.

Во еден момент довикна дека бара уште еден начин да ги потроши своите пари за оваа земја. Новинарите подоцна го прашаа што планира да гради, а тој се пошегува: „Нуклеарни проектили.“

Трамп значително го преуреди Овалниот кабинет додавајќи златни украси, претседателски портрети и други предмети, а постави и масивни столбови за знамиња на северниот и јужниот тревник.

Минатата недела, неговата администрација најави дека изградбата на огромната танцова сала ќе почне во септември. Проектот треба да биде готов пред крајот на трамповиот мандат во почетокот на 2029 година.

Иако ретко, во текот на годините имало моменти кога претседателите се осмелиле да излезат на кровот на Белата куќа, па дури и да спијат таму. Во 1910 година, претседателот Вилијам Ховард Тафт побарал да се изгради објект за спиење на кровот за да избега од топлите летни ноќи во Вашингтон.

За промовирање на обновливите извори на енергија, претседателот Џими Картер во 1970-тите поставил 32 соларни панели на кровот на Западното крило. Панелите биле отстранети за време на администрацијата на Реган.