Манчестер Јунајтед летово се обидува да се ослободи од неколку непотребни фудбалери и играчи кои добија таков статус од менаџерот Рубен Аморим, но „Дејли Мејл“ пренесува една интересна информација која делува и малку неочекувано.
Новинарите на овој весник тврдат дека премиерлигашот летово добил понуди за ветеранот Хари Мегваер, дефанзивецот кој очигледно ужива респект кај клубовите, па иако ретко кој очекува такво сценарио, Јунајтед морал да одбива понуди за него.
Во игра биле англиски ривали, но и италијански клубови, но „црвените ѓаволи“ решиле да го задржат по секоја цена и не планираат да го позиционираат Мегваер на трансфер листата.
Договорот на Мегваер истекува следното лето, тој заработува 220.000 фунти неделно, а ова се уште два фактора кои го прават ставот на премиерлигашот помалку неочекуван.
Доколку Јунајтед реши да ја продолжи соработката на уште некоја година, тоа ќе биде направено наредниов период, па веројатно ќе даде и одговор на актуелниот став на менџментот и Аморим.