„Поминав 340 дена во вселената и моето тело доживеа неверојатни промени: Она што ми се случуваше таму ми го промени животот од корен“

Точка

06/08/2025

10:02

902

Големина на фонт

а а а

Кога Скот Кели полетал кон Меѓународната вселенска станица во март 2015 година, знаеше дека влегува во историјата – но не знаеше дека неговиот престој толку длабоко ќе го промени и неговото тело и неговата психа.

Неговата мисија траеше 340 дена и беше клучна за проучување на ефектите од долготрајниот престој во вселената врз човечкото тело – особено затоа што има идентичен брат близнак, Марк Кели, кој остана на Земјата.

Ден по ден во бестежинска состојба

На МВС деновите биле исполнети со експерименти, физичка активност и комуникација со тимот на НАСА. Но, осаменоста била постојан сопатник. „Немаш каде да побегнеш. Нема пауза. Нема прошетка. Само лебдиш и работиш“, рекол Кели.

Вселенската станица ја обиколува Земјата 16 пати дневно, па астронаутите гледаат исто толку изгрејсонца и зајдисонца. Тоа целосно го збунува биолошкиот часовник и предизвикува проблеми со спиењето, концентрацијата и расположението.


Влијание врз телото: „Како да си претепан“

По враќањето на Земјата, Кели рекол: „Се чувствував како да ме претепале. Кожата ме болеше, стапалата ми гореа, зглобовите ми беа отечени.“

За време на престојот во вселената:

• 'Рбетот му се издолжил – бил повисок по враќањето на Земјата (привремено).

• Мускулите му ослабнале, и покрај редовното вежбање.

• Имунолошкиот систем му покажувал знаци на активација, како да има инфекција.

• Видот му се влошил – чест појав кај астронаутите.

• НАСА ги споредувала неговите гени со гените на неговиот брат Марк. Било откриено дека кај 7% од неговите гени се појавиле трајни промени во експресијата, што значи дека долгиот престој во вселената може да има епигенетски последици.


• Психолошки предизвици: Изолација и интроспекција

• Вселената е тивка. Нема телефони, нема друштво освен истите лица – со денови, со месеци. Кели водел дневник, ја фотографирал Земјата (објавил илјадници зачудувачки фотографии), гледал серии, пишувал писма.

• Во еден момент рекол: „Еднаш се фатив како зјапам во ѕидот, без никаква мисла. Само плутав. Тоа ме исплаши.“

„Една од највозбудливите работи што ги видовме набљудувајќи ја експресијата на гените во вселената беше тоа што навистина присуствувавме на експлозија, како ракета што полетува, штом човечкото тело пристигна во вселената. Со оваа студија видовме илјадници и илјадници гени како се менуваат, како се вклучуваат или исклучуваат“, наведува во соопштението раководителот на студијата Крис Мејсон од Универзитетот Корнел, кога во 2017 година беа објавени прелиминарните резултати од истражувањето.


Променет човек

По враќањето, Кели станал силен застапник на вселенските истражувања и на менталното здравје на астронаутите. Објавил мемоари со наслов „Endurance: A Year in Space, a Lifetime of Discovery“, во кои искрено зборува за сите физички и психолошки борби низ кои поминал.

Еден од најемотивните моменти бил кога, по враќањето, излегол надвор и само стоел на тревата.

„Земјата има мирис. Воздухот има вкус. Во вселената тоа го нема. Само кога ќе ги изгубиш сите тие работи, сфаќаш колку вредат.“


„Земјата е неверојатна планета. Во вселената си одвоен од семејството, од времето, од сè што го сакаш,“ изјавил Кели.