Фокс потпиша нов договор со Спарси и си обезбеди подобра заработка од Дончиќ

Дерби

05/08/2025

14:23

399

Големина на фонт

а а а

Деарон Фокс беше трејдуван од Сакраменто во месец февруари и се пресели во редовите на Сан Антонио, а сега Спарси одлучија да му дадат долгорочен договор и да го направат ѕвезда врз која ќе се гради тимот.

Популарниот „Свипа“ потпиша четиригодишен договор со Спарси вреден 229 милиони долари, а супермакс договорот му овозможи да има и подобра заработка од Лука Дончиќ.

Словенецот пред неколку дена потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 55 милиони долари по сезона, но Фокс ќе добива по 2,5 милиони долари повеќе од ѕвездата на Лејкерси.

Поделено на четири сезони, Фокс ќе инкасира по 57,5 милиони долари годишно, што дефинитивно е најголема заработка во кариерата за 27-годишниот кошаркар.

ДеАрон одигра 17 натпревари за Спарси во вториот дел од сезоната и просечно забележа по 19,7 поени, 6,8 асистенции и 4,3 скокови по натпревар.