[ВИДЕО/ФОТО] Музички спектакл: Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

Макфакс

04/08/2025

11:11

1.038

Големина на фонт

а а а

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен.

Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.

Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.


Кратки видеа од настанот можете да погледнете на следниот линк https://www.facebook.com/share/v/1Et8SMV9wn/.