[ВИДЕО] Противничкиот голман го провоцираше Жорди Алба пред да изведе пенал, Шпанецот возврати на брутален начин

Дерби

03/08/2025

14:28

903

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами покажа дека знае да победува и без Лионел Меси, а во отсуство на најголемата ѕвезда во тимот, задолжен за голови и шоу беше Жорди Алба.

Поранешниот лев бек на Барселона донесе израмнување за Интер Мајами во 92-та минута, но потоа се најде во центарот на вниманието и во пенал рулетот против Некакса.

Аргентинскиот голман Езекиел Унсаин се обиде да го деконцентрира Алба такашто бараше од него каде да го испрати шутот, а навистина интересно беше тоа што Жорди го послуша во дадената ситуација.

Алба биеше во аголот кој го побара голманот на мексиканскиот тим, па откако успеа да го совлада, му возврати на брутален начин.

Шпанскиот дефанзивец ладнокрвно погоди во третата серија за водство од 3:2, по што му држеше лекции со вперен прст кон ривалот.