Рашфорд за проблемот кој се провлекува последните неколку лета: Верувам во Барселона

Дерби

03/08/2025

12:57

856

Големина на фонт

а а а

Барслеона потврди три летни засилувањата до воведната фаза на месец август, но ако Рони Барџи беше регистриран како фудбалер за вториот тим, Жоан Лапорта сепак ќе треба легален начин за да ги пријави Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд до стартот на сезоната.

Каталонскиот великан има проблем со регистрација на големите засилувања веќе неколку лета наназад поради сложената финансиска состојба, па во недостиг на очекувани приходи од продажба на фудбалери, како идеално решение за регистрација на Гарсија и Рашфорд може да се покаже Марк Андре Тер Штеген.

Тешката повреда на Германецот може да ослободи 80 проценти од неговата плата за регистрирање на нови фудбалери, но самата неизвесност на оваа тема создава непотребна тензија, која често доаѓа и до играчите.

– Јас не сум загрижен околу темата со регистрација. Тоа е работа која треба да ја реши клубот и верувам дека добро ќе се заврши. Јас се концентрирам на тренинзите и да бидам достапен за тренерот во секое време, – изјави Рашфорд.

Поради сличен проблем, Дани Олмо лани имаше одложено деби за Барселона во Ла Лига, па сега останува да видиме дали Лапорта ќе реагира навреме, или ќе има нова драма со водечките луѓе во шпанскиот фудбал.