Хит изјава: Ветеранот Џеко најави кога ќе замине во пензија и ги насмеа фановите

Дерби

03/08/2025

10:45

589

Големина на фонт

а а а

Един Џеко на 39-години се врати во Италија за да ја има својата трета авантура во Серија А, па иако за многумина тоа изгледа нелогично, бројките кои стојат зад босанскиот голгетер велат нешто друго.

Џеко е синоним за постигнување голови и верува дека тоа ќе продолжи и при кам-бекот во италијанската елита, а при едно од првите интервјуа кои ги направи за „Газета“ по враќањето во Италија, Един најави кога ќе почне да размислува за пензија.

– Како што одминуваат годините, телото побавно се опоравува, но сега правам посебни вежби, внимавам на исхраната и на сонот. Не е лесно да се има четири деца и да се внимава на се, но мојата сопруга Амра ги презема работите под своја контрола, таа е столб во нашиот дом.

– Пензија? Кога младите напаѓачи ќе почнат да постигнуваат двојно повеќе голови од мене, тогаш ќе почнам да размислувам на пензија, – вели новиот напаѓач на Фиорентина.

Един минатата сезона настапуваше за Фенербахче и успеа да постигне над 20 погодоци во сите натпреварувања, бројки кои се покажаа како доволно добри за нов предизвик во италијанската елита.