Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата можат да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Макфакс

01/08/2025

13:15

1.028

Големина на фонт

а а а

Можни се годишни, место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот Христијан Мицкоски денес им порача на маркетите да бидат внимателни оти се следи растот на цените.

„Тоа го следиме како процес и мојата порака до маркетите е да не се служат со трикови затоа што ограничувањата можат да бидат годишни, а не неделни или месечни. Многу внимателно преку Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд го следиме однесувањето на некои од маркетите“, рече премиерот Мицкоски одговарјќи на новинарски прашања по прошетката во обновената Клиника за уво, нос и грло.


Со недели премиерот Мицкоски најавуваше дека до крајот на јули ќе се знае моделот по кој Владата ќе постапува за поскапувањето на прехранбените производи. Се правена анализи и се разгледуваа различни пристапи се правеа консултации со професори и со претставници на трговските синџири, но детали за тоа какви мерки ќе се преземат премиерот не кажа ниту дене, по истекот на јули.