Вулканот на Камчатка почна да исфрла пепел до висина од шест километри над работ на кратерот, изјави директорот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Руската академија на науките, Алексеј Озеров.
Според него, разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер што денес го погоди регионот на Камчатка предизвика зголемена активност на вулканот Кључевски, кој еруптира веќе долго време.
🚨‼️ RUSSIA'S KLYUCHEVSKOY VOLCANO ERUPTS AGAIN!
— Shadow Observer (@TheShadowObs) July 30, 2025
A fiery cone has formed inside the volcano's crater in Kamchatka after 200 earthquakes in just 24 hours, becoming the new center of volcanic activity.
The volcano is continuously spewing ash and "fire bombs," with warnings from… pic.twitter.com/31oP6g2wwG
„Претходните ерупции не беа силни. Вулканските бомби достигнаа висина од само 200 до 300 метри, со слаба емисија на пепел. Сепак, по земјотресот, се случи ненадејна и моќна експлозија на пепел што се искачи до шест километри“, рече Озеров, како што објави „Камчатка информатива“.
Како што додаде, вулканите во Камчатка се познати по тоа што често реагираат на земјотреси со голема, како и со умерена магнитуда. По денешниот удар, зголемена активност беше забележана и на вулканот „Авачински“, каде што гасовите беа исфрлени до висина од 200-300 метри. Поради оваа причина, научниот тим им препорача на туристите и планинарите да се воздржат од искачување на врвот на овој вулкан.
Слични предупредувања беа издадени и за вулканите „Мутновски“ и „Горели“, каде што беше забележано зголемување на активноста, што укажува на поголема опасност од ерупции.
Земјотресот со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала е најсилната сеизмичка активност во зоната Камчатка од 1952 година. Во градот Петропавловск-Камчатски, жителите почувствуваа земјотрес со јачина до осум степени според Меркалиевата скала.