Манчестер Сити се откажа од Џејмс Трафорд пред две години откако го испраќаше младиот голман на низа позајмици, но сега дојде времето „граѓаните“ да платат сериозна сума на пари за да си го вратат своето дете од Академијата.
Пеп Гвардиола има во план да го менува Едерсон и поради тоа клубот издвои 31 милион евра за враќање на Трафорд, а при реализацијата на трансферот, шпанскиот стручњак надмина една фамозна граница која ја нема достигнато ниту еден тренер во историјата.
Фудбалот значително се промени во изминатите десетина години и сумите кои се плаќаат за фудбалери станаа навистина нерезонски на моменти, па така, Гвардиола од почетокот на тренерската кариера се продефилира како најголем трошач, особено поради своето десетгодишно владеење во Сити.
Пеп имаше поограничени ресурси во Барселона и Баерн Минхен, но изминатата деценија најчесто му беа исполнувани сите желби од управата на Сити, па така сега стана првиот тренер во историјата кој ја надмина границата од потрошени 2 милијарди евра на нови фудбалери.
Оваа граница е надмината со ангажманот на Трафорд, а мали се шансите дека Пеп ќе застане тука, бидејќи има уште еден месец до крајот на летниот преоден рок.
Втор на вечната листа е Диего Симеоне, трет е Масимилијано Алегри, додека во топ пет се уште Томас Тухел и Антонио Конте.
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Pep Guardiola has officially become the first football manager in history to spend over €2 BILLION, after the signing of James Trafford. 🤯💰 pic.twitter.com/OxLnnIzhTD
— Centre of Football (@AshleyGilb90521) July 29, 2025