Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од 10 до 22, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 23 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно, од раните утрински и претпладневни часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.