[ВИДЕО] Драма во Струмица: Тепачка среде улица, еден од вклучените во инцидентот замавнува со секира

Точка

27/07/2025

11:46

2.225

Големина на фонт

а а а

Видеото од Струмица на кое се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира во рацете, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Како што можеме да видиме од видеото, првичната вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица, а според неофицијални информации инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица.

Ситуацијата меѓу двајцата вклучени во инцидентот во еден момент ескалира, па граѓаните што снимале решаваат да се тргнат од местото на настанот.

Сцените се крајно вознемирувачки и покажуваат сериозна ескалација на насилството на јавно место, што предизвика шок кај граѓаните на Струмица кои го споделуваат видеото низ социјалните мрежи.


Слободно движење низ плоштадот... Има ли некој да контролира или може и како случаен минувач да изедеш некоја "балтија" во главата? На толку шерифи во градот, ова наликува на распуштена глутница малоумни - за срамота!

Posted by Strumica Online on Saturday, July 26, 2025