Артета ги нагласи најважните квалитети на Ѓекереш: Добиваме константна закана

Дерби

27/07/2025

10:24

990

Големина на фонт

а а а

Сагата наречена „Виктор Ѓекереш“ беше комплетирана со трансфер на Швеѓанецот во редовите на Арсенал, а откако клубот од Северен Лондон го потврди трансферот, во јавноста се појавија и првите реакции на најважните актери од целата операција.

Ѓекереш во првото интервју откри зошто му дал предност на Арсенал пред Манчестер Јунајтед, ја потенцираше важноста на менаџерот Микел Артета, но исто така, и самиот менаџер не го криеше воодушевувањето од ангажманот на најдобриот голгетер во Европа минатата сезона.

– Апсолутно сме пресреќни што го добиваме Виктор Ѓекереш. Константноста која ја презентираше со своите партии и влијанието кое го имаше беше извонредно, а доволно за него говори и придонесот кој го имаше за постигнување голови.

– Виктор има толку многу квалитети. Тој е брз и силен, има неверојатно голгетерски бројки, ни носи клиничка прецизност со висока стапка на реализирање на шансите, а неговото интелигентно движење во шеснаесетникот го прави константна закана.

– Возбудени сме од тоа што може да го донесе на нашиот тим и едвај чекаме да почнеме да работиме со него. Сите во клубот му посакуваме топло добредојде, – изјави Артета.