Најпрофитабилни мали бизниси во Македонија – во што да вложите?

Денар

23/07/2025

21:22

2.298

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш сте седеле на кафе и си размислувале: „А бе добро, каде одам со оваа плата?“, знајте дека не сте единствени. Сè повеќе луѓе во Македонија ги врти истата мисла — да почнат нешто свое. Нешто мало, но доволно „живо“ за да ги издржи деновите и можеби, со малку среќа (и многу труд), да прерасне во сериозна работа.

Да не должиме — кои се тие идеи што можат да бидат профитабилни кај нас, а не се само празни муабети по Фејсбук групите за бизнис инспирација?

Храна и пијалаци – вечна приказна

Да бидеме искрени, Македонецот сака добро да си касне. Пекари со домашни буреци, мали сендвичарници, ќошиња со свежо цедени сокови — овие работи речиси никогаш не одат во минус.


Ако уште сте и вие таму, со гостите, ќе се дружите, ќе нудите „ај пробај уште едно парче“… луѓето се враќаат поради таквите детали.

Стока и услуги за нега

Фризерски салони, берберници, козметички студија… тоа одамна не е само „женска работа“. И мажите плаќаат, и тоа добро.


А трошоците не се којзнае колку високи. Со два-три кредити за опрема, пријателска вештина за муабет и малку чувство за стил — можете далеку да стигнете.

Авто-сервиси и ситни поправки

Не секој знае да си смени масло или да закрпи гума. А богами, и да сака, нема време.


Мал сервис, вулканизер или перална за коли се како печурки после дожд — ама добрите, чесни и пристапни… секогаш полни со муштерии.

Земјоделство и локални производи

Вие што имате дедовина по села, ај размислете уште еднаш пред да ја оставите да фати трње.

Органски домати, капини, пченица за брашно… тоа може да се продаде и во маркет, а богами и преку Инстаграм.


Луѓето сакаат „домашно“. Дури и кога не е баш толку домашно — ако убаво го спакувате и кажете некоја приказна…

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.