Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други, пишува на социјалните мрежи поранешниот амбасадор Андреј Жерновски.
„Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене ме нарече “домашен предавник”, веќе утредента пристигна веста дека, верувале или не, околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари“.
Човек веќе да не знае дали да плаче или да се смее.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да...
Posted by Andrej Zernovski on Wednesday, July 23, 2025
Да бидам докрај искрен, вели Жерновски во напишаното, во целата моја политичка кариера досега немам видено вакви самоубијци во заседа. Просто неверојатно!
Читам утрово некој обид за демант, во кој грандиозен текст можам да пронајдам се’, само не негирање на изнесените податоци.
Него, кога сме веќе кај демантите, уште го чекаме да се произнесе “лидерот кој бил крајна цел на организираните напади” и кој, како што вели благонадежниот Миле, бил “единствената брана за македонските интереси“.
Никако “лидерот” да ни каже дали е вистина дека аплицирал за бугарски пасош.
Ајде, ќе го чекаме уште, додека не смисли нешто. А можеби и му е попаметно да молчи, отколку да дава вакви “деманти” како глумецов со длабок глас и плитки мисли“, пишува Жерновски.