ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците не забораваат дека СДС им ветуваше златна жетва, а им донесе коров во класата

Макфакс

23/07/2025

13:23

131

Големина на фонт

а а а

СДС последни имаат право да зборуваат за земјоделството и субвенциите, бидејќи токму нивните погубни политики доведоа до хаос, неправда кон земјоделците и партизација во аграрниот сектор.

Во времето на СДС субвенциите не беа поддршка за земјоделците, туку алатка за политичка уцена и партиски рекет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Контрадикторно е, велат од партијхата на власт, СДС да глуми загриженост за земјоделците и да се фали со енормен буџет во 2023 година, кога токму тие оставија неисплатени субвенции кон земјоделците.

„Во времето на СДС субвенциите беа како лотарија, добиваше оној кој имаше партиска книшка или имаше близок во општината. Руралниот развој се сведуваше на развој на руралните џебови-нивни.

Земјоделците не забораваат. Знаат кој им ветуваше златна жетва, а им донесе коров во класата.

За разлика од погубната политика на СДС, по доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, уште во септември беа обезбедени дополнителни 2 милијарди денари, токму за исплаќање на заостаните обврски за 2023 година за кои Љупчо Николовски тврди дека ги имале за земјоделците, кој воедно и молчи дека финансиската поддршка за земјоделците за 2024 година, проектирана од негова страна изнесуваше 5,9 милијарди денари.

На крајот на 2024 година, благодарение на оваа Влада, повторно се обезбедија дополнителни 1,4 милијарди денари со што финансиската поддршка за 2024 година изнесуваше 8,4 милијарди денари, што е највисока во изминатите неколку години.

Средствата за земјоделците не се скратени, изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се грижи за земјоделците“.

Лагатакако што додаваат, оди дотаму, што СДС пласира и невистини дека се намалуваат средствата за Програмата за рурален развој.

Со ребалансот на буџетот, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедат 480 милиони денари и за Програмата за рурален развој.