ВАР комедија во ЛШ: Звезда постигна гол, подвлечената „офсајд црта“ стана вирален хит

Дерби

23/07/2025

11:21

1.718

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Црвена Звезда ја оправдаа фаворитската улога и победија против Линколн во Гибралтар, па во ситуација кога не воодушевија со своето издание, мораа да се задоволат со минимални 0:1.

Српските медиуми доста се занимаваа со бавното темпо и недоволната инспирација кај одредени фудбалери, меѓутоа убедливо најпопуларно е видеото од ситуацијата за голот.

Црвена Звезда поведе со голот на Бруно Дуарте и тоа ја направи клучната разлика, но моментот стана вирален хит и поради лошо подвлечената ВАР линија.

Во обид да се докаже дека судијата е целосно чиста, луѓето од ВАР собата се посрамотија за сите пари, па на фановите крај ТВ уредите им проследија крива линија која го изнасмеа и коментаторот на „Спорт Клуб“.

– Оваа линија никако не е добра…