Баер Леверкузен загуби важни алки во својот прв тим уште во воведната фаза од летниот преоден рок, па сосема јасно е дека „фармацевтите“ ќе изгледаат сосема поинакво на теренот без Џонатан Та, Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.
Трите столба во системот на Чаби Алонсо нема да му стојат на располагање на Ерик Тен Хаг, а за да спречи дополнителен егзодус во неговиот тим, Холанѓанецот сега блокира трнасфер кој е речиси договорен.
Агентот на Гранит Џака вчера откри дека швајцарскиот фудбалер ги договорил сите детали за трансфер во Сандерленд, но засега, негово враќање во Премиер лигата не дозволува само Тен Хаг.
– Не ми е гајле што вели агентот на Џака. Овој клуб веќе продаде тројца важни играчи и не можеме да дозволиме да си замине уште некој. Тоа би ја поткопало структурата, но и културата во соблекувалната.
– Гранит е лидер и има уште три години од договорот со клубот. Тој е преважен за нас и едноставно не смееме да дозволиме да си замине, – изјави Тен Хаг.