Венус секогаш ќе остане во сеќавање како постарата од легендарните сестри Вилијамс, но од денеска и како легендарна тенисерка која реши да му се врати на омилениот спорт во петтата деценија од животот.
45-годишната Американка доби вајлд-карта за турнирот во Вашингтон и истата ја прифати без размислување, но за да биде приказната уште подобра, славната грен слем шампионка оствари и победа против двојно помлада противничка.
Пејтон Стернс 35-та светска тенисерка беше апсолутен фаворит за победа и во нејзин прилог одеше и возраста (23 години), но сепак на теренот до израз дојде искуството, но и безвременскиот квалитет.
Венус уште еднаш покажа дека годините се само бројка, па стана највозрасната тенисерка која остварила победа на ВТА турот по 2004-та година (Навратилова победи на 47 години).
Ова беше прв меч за Венус од март 2024-та година, а исто така и прва победа од август 2023-та година.
45-year-old Venus Williams just became the second-oldest woman to win a single match, defeating 23-year-old Peyton Stearns
— philip lewis (@Phil_Lewis_) July 23, 2025
pic.twitter.com/CwuyQvfLql