Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку “внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.
„Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци.
Доколку забележите ваква објава:
НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави.
НЕ споделувајте лични информации.
НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба.
🛑Предупредување за измама на социјалните мрежи🛑
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во...
Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Wednesday, July 23, 2025
Компаниите за техника немаат тајни страници за “специјални” телефони, и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.
Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица“, соопшти МВР.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, додаваат од МВР.