Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.,
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp