Активни се седум пожари во државата

Макфакс

22/07/2025

14:50

168

Големина на фонт

а а а

Благодарение на ангажманот на сите екипи на терен, во изминатите часови дел од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати. Сепак, неколку локации и понатаму се соочуваат со активни жаришта, информира Центарот за управување со кризи.

До 13:00 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари, од кои: седум се активни, четири се под контрола и четири се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ (7):

Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (ниска вегетација)

Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

Општина Демир Капија – близу тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација)

Општина Липково – с. Оризаре (ниска вегетација и стрниште)

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (4):

Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

Општина Ресен – с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)

Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

Општина Прилеп – с. Штавица кон с. Чумово, с. Волково и с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (4):

Општина Дојран – с. Николич (мешана шума)

Општина Гостивар – с. Беловиште (нискостеблеста дабова шума)

Општина Велес – кај с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)