Приведен кавадарчанец кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Макфакс

22/07/2025

12:12

158

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.

При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

За случајот е известен јавен обвинител.