Синоќа околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете.
Според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, тие го пронашле детето во базен во нивниот двор во безсознание.
На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.