Откако со денови е главна тема и мета на потсмев на социјалните мрежи ширум светот, познатиот милијардер одлучил да објави официјално соопштение за јавноста на многу необичен начин.
Во морето тешки вести, светот одвај дочека нешто што делува како безизлезна забава иако всушност ги погодува реалните животи, па не е ниту чудно што деновиве сите зборуваат за скандалот на концертот на Колдплеј во Америка.
Енди Бајрон, извршниот директор на компанијата „Астрономер“, беше снимен како се прегрнува со Кристин Кабот, HR директорка во неговата компанија, на настап на англискиот бенд, а потоа почнале да ги кријат лицата откако биле покажани на големиот екран.
Фронтменот на групата Колдплеј, Крис Мартин, коментираше: „Или имаат афера или навистина се срамежливи“, а се докажа дека бил во право.
Сопругата на Бајрон, Мег Кериган Бајрон, веднаш го тргнала неговото презиме од својот Фејсбук профил, а управниот одбор започнал истрага за него.
Бајрон поради сето тоа бил принуден да се огласи, а неговото официјално соопштение за јавноста предизвикало негативни реакции.
„Она што требаше да биде ноќ на музиката и радост се претвори во длабока лична грешка која се одвива на јавната сцена“, порачал Бајрон, па додал:
„Сакам искрено да ѝ се извинам на мојата сопруга, семејството и тимот на „Астрономер“. Заслужувате подобро од мене како партнер, татко и лидер“.
Тој истакнал дека тоа што сме го виделе не е она што тој сака да биде, ниту она што сака да ја претстави компанијата на овој начин, па планира да земе малку време за да размисли, да преземе одговорност и да увиди кои ќе бидат неговите наредни чекори.
Andy Byron could take a page from Benjamin Franklin “Never ruin an apology with an excuse”.
— Megs (@Rad_Megss) July 17, 2025
Ending an apology for this scale of scandal with lyrics is wild pic.twitter.com/1swd56HXxe
Поради тоа тој замолил да се почитува неговата приватност.
„Исто така сакам да изразам колку е загрижувачки тоа што требаше да биде приватен момент, а стана јавно без моја согласност. Ги почитувам уметниците и забавувачите, но се надевам дека сите можеме да размислиме за влијанието на претворањето на туѓиот живот во спектакл“, вели тој.
Бајрон го завршил својот цитат со песната „Fix You“ од Колдплеј.