Ја запознавме на палубата на „Титаник“ како девојче од третата класа со ангелско лице и разиграни локни.
Иако во популарниот филм на Џејмс Камерон се појави само неколку минути, малата Кора која ја толкуваше тогаш осумгодишната Александрија Оуенс-Сарно, останала запаметена.
Две и пол децении подоцна Кора пораснала, но нејзините црти на лицето и натаму се неверојатни.
Улогата која ѝ го сменила животот
Филмот „Титаник“ од 1997 година засекогаш ја смени филмската индустрија. Публиката ширум светот со часови седела во кината, следејќи ја трагичната приказна на Џек и Роуз.
И додека главните актери Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет брилирале, се појавила и Кора, малата сопатничка на Џек од трета класа во текот на живописниот танц на долната палуба.
Иако се појавува само во една сцена, Кора моментално ги освоила гледачите. Нејзиното нежно лице и крупни, искрени очи биле доволни да остават моќен впечаток. Токму тие особини пресудиле кога режисерот бирал меѓу илјадници статисти.
На кастингот, Александрија била со семејството, но вниманието го привлекла кога нејзината помлада сестра почнала да плаче, додека Александрија гледала директно во камера. Режисерот тогаш знаел дека ја нашол таа вистинската.
Другарувала со Леонардо ди Каприо
На снимањето на „Титаник“, Александрија имала можност да помине време со тогаш младиот актер Леонардо ди Каприо, којшто според неа бил исклучително внимателен и грижлив.
„Беше најдобриот човек на светот. Меѓу снимањата ми порачуваше сендвичи со путер од кикиритки и џем“, се присетила Александрија.
Во текот на една сцена, која на крај не влегла во финалната верзија на филмот, Александрија седела кај Леонардо и цртала на празна хартија. Снимањето траело три часа, а Лео направил сѐ за времето за неа да помине побрзо, шетал со неа, разговарал ѝ кажувал приказни.
„Беше како поголем брат којшто никогаш не сум го имала“, рекла актерката.
Каде е денес и како изгледа?
Александрија денес има повеќе од 30 години и и натаму се занимава со актерство, но и пишување сценарија. Повремено се појавува на телевизиски проекти и кратки филмови, но секогаш со гордост истакнува дека е малата Кора од „Титаник“.