Поддршка за малите херои – Компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

Точка

18/07/2025

13:22

329

Големина на фонт

а а а

Со искрено срце и грижа кон најмладите, компанијата Mozzart уште еднаш покажа дека хуманоста е нејзино најсилно обележје. По многубројните добротворни акции кои веќе ја дефинираат како лидер во несебична поддршка, овојпат донацијата има особено длабоко значење — целосно опремен кабинет за физикална терапија во Одделот за цистична фиброза, при Детската клиника во Скопје.

„Физикалната терапија е многу важна за пациентите со цистична фиброза и мора да биде дел од нивната секојдневна нега. Благодарение на Mozzart, сега децата ќе можат да ја добиваат оваа терапија во современ кабинет со најнови апарати и помагала ”, изјави Доц.д-р Валентина Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.


Кабинетот не е само просторија со современи апарати, туку е нов почеток — надеж за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на децата кои секојдневно се борат со оваа ретка болест. Благодарение на Mozzart, терапијата станува достапна, дел од нивното лекување, дел од нивната иднина.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart. Оваа донација ќе помогне во подобрување на квалитетот на животот на пациентите”, изјави Реџеп Мемеди, в.д. Директор на Клиниката за детски болести.


Оваа приказна не е само за една донација. Таа зборува за човечност, за одговорност и за вистинска желба да се направи светот подобар, особено за оние на кои им е најпотребно.

„Големо е задоволството кога околу вас гледате насмеани и среќни лица благодарение на помошта која сте ја пружиле. Во очите на овие деца гледаме сила. Гордост ни е што можеме да бидеме дел од нивната борба ”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Мozzart.


Овој хуманитарен гест е дел од кампањата „ Повеќе од гол”, која е една од најголемите хуманитарни акции на компанијата. За секој погодок на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во јануари,Mozzart донираше по 5.000 денари. Со постигнати 181 погодок, беа собрани вкупно 905.000 денари. Амбасадорот на кампањата, капитенот Филип Кузмановски, не само што ги водеше со пример, туку и ја насочи добрината кон оние кои најмногу ја заслужуваат.