„И големата лага дека ќе ги затворат казината и обложувалниците излезе на површина. За година ипол ги зголемија казината и обложувалниците, а сега, со закон, ВЛЕН и официјално стана кум на коцката“, велат од ДУИ.
„Измамниците од ВЛЕН со години трубеа дека ќе ги затворат казината и обложувалниците заедно со онлајн коцкањето, за на крај да завршат токму таму каде што ние секогаш укажувавме дека припаѓаат, во прегратките на индустријата на игрите на среќа.
Не можеше да биде поинаку кога главни спонзори на нивната кампања и на нивните партии се токму од индустријата на коцкање.
Членови на ВЛЕН се сопственици на казина и обложувалници и се спонзори на законот што ја штити и ја легализира нивната индустрија.
Ниту едно казино не се затвора, ниту една обложувалница не се затвора, онлајн коцкањето цвета во времето на вазалите од ВЛЕН.
Законот што го предложи Европскиот фронт за целосно затворање на игрите на среќа, ВЛЕН и ВМРО го одбија. Денес усвоија уште послаб закон од оној што го блокираа во претходниот парламентарен состав, во служба на нивните газди од коцкарската индустрија.
Секој нивен збор е лага, секое нивно ветување е измама, секое нивно дело е неуспех! Одговорноста доаѓа наскоро!“, се наведува во соопштението на ДУИ.