Американски милионер загина на сафари: Го следел животното за време на лов, па станал плен! Му немало спас

Точка

07/08/2025

17:41

1.268

Големина на фонт

а а а

Милионер од Тексас загина за време на лов во Јужна Африка кога огромен бивол го пробол до смрт.

Ашер Воткинс (52) во неделата следел бивол тежок 1,3 тони во провинцијата Лимпопо кога животното го нападнало и го убило на самото место, соопштија за повеќе медиуми од организацијата „Coenraad and Vermaak Safaris“, која го организирала патувањето.

Од сафарито додадоа дека животното не било рането.

„Со длабока тага и тешки срца ја потврдуваме трагичната смрт на нашиот клиент и пријател Ашер Воткинс од САД“, изјавија од организацијата за „Metro“.


„Тој го следел биволот заедно со еден од нашите професионални ловци и еден од нашите трагачи. Ова е ужасен инцидент и сочувствуваме со неговите најблиски“, соопшти компанијата.

Мајката на Ашер, Гвен, неговиот очув и братот Амон го чекале во сафари-ложата кога се случил бруталниот инцидент, објави извор.

Воткинс бил на чело на „Watkins Ranch Group“, успешна брокерска компанија што продава ранчови вредни повеќе милиони во Тексас, Оклахома и Арканзас, според веб-страницата на компанијата.


Богатиот ранчер бил активен член на „Dallas Safari Club“ и страсно ловел птици и други диви животни, според неколку објави на социјалните мрежи каде што се фалел со своите трофеи.

Неговата поранешна сопруга, Кортни, и нивната ќерка, Савана, исто така биле известени за неговата трагична смрт.

„Оваа фотографија е од друго време, од друго поглавје во нашите животи – но таа секогаш ќе биде дел од приказната на нашата ќерка“, напишала Кортни покрај стара фотографија со нивната ќерка, која подоцна била избришана.


„Од тогаш сме во состојба на шок и скршено срце, обидувајќи се да го разбереме не само загубата, туку и сложеноста што доаѓа со неа“, додала таа.

Биволот е познат по своето лошо расположение, особено кога е ранет, и често се движи во стада до 500 животни.