Преку денот многу топло, приквечер нестабилно со услови за невреме

Нетпрес

17/07/2025

08:26

288

Големина на фонт

а а а

Во четврток на територијата на Маледонија и натаму преовладува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец.

Утринските температури се движат во опсегот меѓу 12 и 21, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 27 до 39 Целзиусови степени.

Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 37 степени.