Дрога пронајдена при претрес во Радовиш

Макфакс

15/07/2025

09:54

267

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Н.(18) од Радовиш.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана и дробилка со остатоци од растителна материја.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.