Алиу: Поддршка од Светската банка на реформите во здравството

Макфакс

14/07/2025

15:44

124

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската банка, предводена од Река Менон, менаџер за здравство, исхрана и популација за регионот на Европа и Централна Азија, како и со Свен Нелсен, кораководител на здравствениот сектор на Светската банка за земјата, Али Хаманди, виш економист, и Мрика Алиу, виш специјалист за човечки развој.

Алиу ги презентира стратешките приоритети на Министерството за здравство и истакна дека меѓународната експертиза и поддршката претставуваат клучен сегмент во процесот на модернизација, особено во областа на дигитализацијата како еден од главните приоритети на Министерството, како и за телемедицина, примарна здравствена заштита и инфраструктурни и технолошки надградби на системот.

На состанокот беше презентирана тековната аналитичка работа на Светската банка во здравствениот сектор, со акцент на системот за долгорочна нега и модели на здравствено финансирање.

Претставниците на Светската банка изразија подготвеност за натамошна поддршка на реформите во здравството, беа разгледани и можните области за зајакнување на соработката и за унапредување на здравствениот систем.