ЈП Лајка ја започнува својата нова кампања со силна порака која има за цел да ја смени општествената перцепција за една од најстигматизираните раси на кучиња – питбулите.
Кампањата, симболично насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање.", е емотивен повик за подигање на свеста и рушење на длабоко вкоренетите предрасуди. Таа ги претставува питбулите онакви какви што навистина се – чувствителни, лојални и подготвени за љубов, не за насилство.
Во рамки на кампањата, ќе бидат објавени фотографии со питбулите сместени во нашето јавно прифатилиште – кучиња кои предолго се жртви на погрешни сфаќања.
Тие не се родени за борби. Тие се родени за блискост, за семејство, за гушкање.
Веруваме дека секое животно заслужува фер шанса. Нашите питбули се докажани како питоми и приврзани пријатели кои со години чекаат некој да ги види онакви какви што навистина се.