Жоао Педро ги „поздрави“ европските шампиони: Не знаат да губат!

Дерби

14/07/2025

12:21

395

Големина на фонт

а а а

Жоао Педро пристигна во Челси пред само десетина дена, но неполни две седмици откако го реализираше трнасферот, бразилскиот напаѓач дочека шанса да го подигне првиот трофеј.

Големото засилување од Брајтон се стави веднаш на располагање и заигра на Светското клупско првенство, а вчера имаше свој удел и во големото финале кое Челси го доби со 3:0.

Напаѓачот го постигна последниот гол за Челси и го дотолчи ПСЖ во првиот дел, но потоа се најде во фокусот и по крајот на натпреварот.

Жоао Педро беше фудбалерот кој беше удрен од Луис Енрике во мешаницата која настана по последниот судиски свиреж, па испровоциран од непосакуваните случувања, испорача и провокативна изјава до актуелните европски шампиони.

– По крајот на натпреварот, се вклучив во мешаницата за да заштитам еден соиграч. Во тие моменти пристигнаа уште многу луѓе и на крајот испадна хаос, бев оттурнат и удрен.

– Тоа е што е, и ова е дел од фудбалот. Играчите и членовите на ПСЖ ги загубија своите глави, изгледа дека не знаат да губат. Нема да трошам многу енергија на тоа, сега е време за прослава на титулата, – изјави Педро.