Карлос Алкарас самиот призна дека на моменти не знаел што да прави на теренот во големото финале на Вимблдон, а најдобра отслика за неговата немоќ ни пристигна на стартот на четвртиот сет.
Јаник Синер се стави во позиција на непогрешлив тенисер кој речиси да не му остава никаков простор на противникот, па во такви услови брзо се врати од негативата од 1:0 и поведе со 2:1 со идентични 6:4.
Набрзо по загубениот втор сет во низа, на Алкарас му стана јасно дека се чувствува доста немоќно на теренот, а во тие моменти ја загуби и насмевката која го краси и во најтешки моменти.
Карлитос се сврте кон својот тим и јасно им стави до знаење дека нема решенија за Синер, особено за долгите рели размени од основната линија.
– Тој е толку подобар од мене од основната линија. Многу подобар, разликата е толкава……, – покажува Алкарас со гестикулации.
"Desde el fondo de pista es mucho mejor que yo" 😳
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) July 13, 2025
Alcaráz está 2-1 abajo contra Sinner en la final de Wimbledon y parece que no la pasa bien. 😬 🎾 pic.twitter.com/6HmkzqloOi