Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се избори за голема победа во првото квалификациско коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино.
Калин успеа да го добие Јозеф Ковалик од Словачка, рекет кој своевремено беше во најдобрите 100 на светот (80 позиција). Решаваа нијанси на ова соочување или поточно Ивановски го имаше последниот збор во двата тај-брејка.
Македонецот во првиот беше подобар со 7-5, а во вториот со 7-4.
Потребна му е уште една победа на Калин за влез во главната фаза и тоа против Франческо Форти. Форти одигра исцрпувачки натпревар со Гомбос кој траеше скоро три ипол часа, па нашиот ас дефинитивно ќе биде посвеж и има убава можност да ги мине квалификациите.