Продолжува доминацијата на Марк Маркез

Макфакс

13/07/2025

16:54

257

Големина на фонт

а а а

Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман.

Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути.

Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг.

Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ класа. Само познатиот Валентино Роси има повеќе во Мото ГП – 89.

Шпанскиот возач има седум победи оваа сезона, од кои четири се последователни, а во саботата победи и во спринтот.

Неговиот помлад брат Алекс Маркез денес го освои второто место, со заостанување од 6,380 секунди.

Франческо Бањаја од Дукати беше трет со заостанување од 7,080 секунди.

Возачот на Јамаха, Фабио Куартараро стигна до четвртото место, додека Фермин Алдегер од Гресини беше петти.

Марк Маркез е прв со 344 поени, пред Алекс Маркез кој има 261 и Бањаја со 197 поени.

Шампионатот продолжува следниот викенд, а трката за Големата награда на Чешка се одржува во недела во 14 часот во Брно.